26 Април, 2024
0.0301

МВР немало за што да интервенира вчера во ИВЗ

Објавено во: Македонија 24 Април, 2019

Добивај вести на Viber

И актуелното раководство на Исламската верска заедница и тоа што претендира да го превземе управувањето синоќа повикале полиција во седиштето, а од МВР соопштија дека немало никакви инциденти и немало потреба од интервенција.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по добиени две пријави и од едната и од другата страна, полициски службеници биле упатени во седиштето на Исламската верска заедница и на лице место не било констатирано нарушување на јавниот ред и мир. 

- Министерството за внатрешни работи има обврска да го гарантира јавниот ред и мир, а внатрешните работи на Исламската верска заедница се работа на членовите на оваа верска заедница и најостро го отфрламе обидот на поединци и политички субјекти да го инволвираат МВР во овие случувања, велат од МВР.

Ријасетот на Исламската верска заедница кој му дава поддршка на реисот Сулејман Реџепи одржа вонредната седница во Факултетот за исламски науки во Кондово, по најавите за промена на поглаварот на ИВЗ врз основа на судско решение.

Реџепи истакна дека ИВЗ е скаран со Владата и дека од денеска јавноста ќе види дека има „поддршка од цел свет“.

Според судското решение што го добил, Скендер Бузаку од денеска треба да биде новиот поглавар на Исламската верска заедница. Тој синоќа го обвини Реџепи за „фамилијаризам“ во ИВЗ.

Останува да се види дали ситуацијата ќе доведе до ескалација на судири, иако до сега неколку пати имаше безуспешни обиди за превземање на врвот на ИВЗ.



Можеби ќе ве интересира

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени