19 Мај, 2024
0.0285

МВР приведе вкупно 9 лица за изборни нерегуларности

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Во текот на изборниот ден од МВР информираат дека вкупно се преведени 9 лица за изборни нерегуларности од кои повеќето се за сликање на гласачкото ливче.

Евидентирани се осум пријави за фотографирање на гласачки ливчиња, од кои расчистени се седум случаи односно седум лица се приведени, од кои четири во Скопје: Д.С. (на гласачко место во ОУ “Ѓорче Петров“); С.А. (гласачко место во ОУ “26 Јули“); Џ.Д. (гласачко место во ПУ “Петар Здравковски Пенко“) и Д.Д. (гласачко место во ОУ “Ѓорѓи Димитров“), две лица во Охрид - Д.Т. (гласачко место во населба Лескоец) и С.А. (гласачко место во музичкото училиште) и уште едно лице Е.А. (на гласачко место во ОУ “Кемал Ататурк“ во Жупа. Против овие лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, пренесуваат од МВР.  

Во два случаи - едниот на гласачко место во скопско Мирковци и вториот на гласачко место во Кавадарци - приведени се две лица. Во првиот случај лице гласало во име на својата мајка (таа последовително е повикана на разговор во ПО Мирковци) а во Кавадарци лице гласало во име на својата сопруга, при што од ОЈО Кавадарци настанот е квалификуван како кривично дело - “злоупотреба на избирачко право“ (по чл.161 од КЗ на РМ), информира МВР.


Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево