МВР со новоидентификувани „играорци“ од Гевгелија
Објавено во: Македонија 23 Април, 2020
МВР соопшти дека се идентификувани уште 11 лица кои објавија видео како играат оро на Велигден во Гевгелија. Со тоа до сега вкупната бројка изнесува 34 соседи.
Од СВР Струмица и ОВР Гевгелија тврдат дека продолжува истрагата за целосно идентификување и на останатите жители кои не го почитувале празничниот карантин.
Со новоидентификуваните лица денеска ќе бидат обавени службени разговори во полициска станицата во Гевгелија.
По целосно документирање на настанот против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни казнени пријави до ОЈО Гегелија.