На 76-тото Генерално Собрание на Обединетите нации Македонија и Филипини воспоставија дипломатски односи
Објавено во: Македонија 23 Септември, 2021
181 земја со која Македонија потпиша комунике за воспоставување дипломатски односи е Република Филипини.
Министерот Бујар Османи заедно со Теодоро Л. Локсин ги ставија потписите на комуникето.
Чинот беше официјализиран на 76-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации, во Њујорк и истиот е основа за унапредување на дијалогот на двете земји на сите нивоа.