На Балканот и натаму се градат нуклеарни централи, Македонија нема стратешка резерва
Објавено во: Економија 26 Октомври, 2021
Енергетската криза ги врати нуклеарните централи на врвот на најсигурните електрани. Во светот има 443 активни нуклеарни централи, а се подготвуваат проекти за изградба на уште стотина.
Унгарската нуклеарна централа „Пакс“ е на самата граница со Балканот. Сега има четири блока, а Унгарците најавуваат дека следната година ќе почнат да градат два нови со Русите. Истовремено има и заинтересирани земји кои сакаат да купат малцински удел.
Од 443 нуклеарни централи во светот, речиси една третина се на територијата на Европа, во Америка 93. Се градат нови - најмногу во Кина, дури 16. А Франција се потпира на производството на електрична енергија од нуклеарни централи.
На Балканот, покрај унгарскиот, бугарскиот и романскиот реактор, тука е и хрватско-словенечкиот „Кршко“. Државите со инвестиција во истиоте би обезбедиле стратешка резерва на електрична енергија надвор од границите.
„Ова се начини да се справиме со некои екстремни ситуации, обично ситуации на недостиг на електрична енергија или ситуации како оваа кога имаме превисоки цени и со интервенција на државата дејствуваме на пазарот“, вели шефот за енергија и ресурси во Deloitte. Жељко Марковиќ.
Научниците истакнуваат дека нуклеарните капацитети се дизајнирани да издржат најразорни земјотреси, поплави и авионски несреќи. А нивната безбедност, како и складирањето на нуклеарниот отпад се контролираат со симулирање на несреќа, таканаречени „тестови за издржливост на стрес“.
Денеска нуклеарните централи, четвртата генерација, се апсолутно безбедни и последни во размерите на опасноста.
Енергетските научни комитети од соседството наведуваат дека нуклеарната енергија не треба однапред да се отфрла, туку треба да се разгледува врз основа на научни факти.