20 Декември, 2025
0.1247

Кој на Балканот најмногу троши во меани?

Објавено во: Балкан 31 Август, 2013 22:00

Добивај вести на Viber

За Балканците, а посебно за Србите и Босанците, се мисли дека најмногу време поминуваат во меани и кафулиња, но статистичките бројки покажуваат сосема други податоци за тоа кој најмногу ужива и секако најмногу троши по меани.

Граѓаните на Србија, по се изгледа одат со празни џебови и во ресторани пијат само кафе и сок. Фамилијарно ретко посетуваат угостителски објекти, а некои тоа го прават само еднаш или двапати годишно, пишува „Дневни аваз“.

- Во Србија по жител се троши во ресторани и хотели по 35 евра или вкупно 265 милиони евра годишно, вели економистот Мирослав Здравковиќ. Годинава Србите за кафеански сметки платиле по 22 милиони евра месечно.

Според последните достапни информации од 2011 година Хрватите годишно за ресторани и хотели трошат 375 милиони евра или 87,4 евра по жител. Словенците трошат 577 милиони евра или 281 евро по жител. Од Босна и Херцеговина граѓаните просечно прават сметка од 27,2 евра, за разлика од нив Црногорците имаат подлабок џеб и издвојуваат 45,9 евра за ресторани. За Македонија не се прикажани  податоци колку нашите граѓани посетуваат меани. Затоа останува секој сам да си пресмета каде се наоѓа  меѓу некогашните југословенски републики. Ако ништо друго да знаеме дали животот ни е како и на другите!?  

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација