На Британците им гори под нозе-се повеќе бараат германски пасош
Објавено во: Свет 13 Јуни, 2017
Бројот на Британците кои сакаат да станат државјани на Германија, се зголеми за 361% во 2016 година, со оглед на стравувањата дека излегувањето на Велика Британија може да го направи животот тежок за жителите на Обединетото Кралство.
Податоците на статистичка служба покажуваат дека во текот на изминатата година 2865 Британци зеле германско државјанство. Нивниот број е веројатно дека ќе се зголеми во текот на оваа година, а постапката да се добие германски пасош трае неколку месеци, пишува The Guardian.
„Врската помеѓу зголемувањето и Brexit е очигледна“, тврдат од статистичката служба.
Во изминатата година малку над 110 илјади странци станаа германски државјани или раст од 3% во однос на претходната, а најголемо зголемување се забележува кај Британците. Најмногу нови граѓани доаѓаат од Турција - 16 илјади лица.