На дневен ред на Уставен аболицијата, уставноста на СЈО изостана
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2016
На дневен ред на седницата на Уставниот суд в среда ќе бидат одлуките за помилување на 56 политичари, функционери и нивни соработници донесени од претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов на 12 април 2016 година.
Аболицијата е целосно поништена, но сепак ова прашање ќе се отвори пред највисокиот суд во државава.
На оваа седница уставните судии нема да расправаат за иницијативата за испитување на уставноста на Специјалното јавно обвинителство. Подолго време се чека Уставниот суд да се произнесе по иницијативата за оценување на уставноста на СЈО.
Ова ќе биде последната седница на Уставниот суд пред распуштањето на Собранието.
На 12 октомври Собранието се распушта.