На Ѓавато видливоста е намалена од 50 до 100 метри
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2019
На планинскиот превој Ѓавато има намалена видливост поради магла.
Во овој дел на Македонија, поради магла видливоста е намалена од 50 до 100 метри.
Јавното претпријатие „Македонијапат“ апелира до возачите внимателно да возат и да ја прилагодат брзината кон условите на патот.
На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.
Ширум Македонија паѓа дожд, а на одредени места и снег.