НА ИНФЕКТИВНА ИМА УШТЕ ДЕСЕТТИНА ПАЦИЕНТИ, НО ВЕРУВАМ ЌЕ ИМА НОВИ И ПРЕД ЕСЕНТА: Директорката Стевановиќ оценува-многу малку се вакцинирани
Објавено во: Македонија 11 Април, 2022 07:49
Од ден на ден се повеќе
се намалува бројот на новозаразени граѓани со корона вирусот, па во моментов
активни случаи во Македонија има 1.381, од кои најголемиот број се во Скопје,
односно 712. Трицифрен број има само уште во Битола, 176, додека во другите
градови во земјава, бројот на се уште инфицирани со ковид-19 се движи од 1 во
Пехчево, Кратово, Демир Хисар, Македонска Каменица, Македонски Брод, до 76 во
Прилеп. Дојран е едиснтвениот град каде што нема активни случаи на корона
вирусот. Ваквата поволна епидемиолошка состојба, како што велат здравствените
власти, дозволува дел од анти-ковид мерките да се олабавуваат, но според
директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ, се уште
треба да бидеме внимателни.
- На Клиниката за инфективни болести, каде што повеќе од две години се бориме со болните кои поради компликации од ковид-19 имаа исклучително тешки клинички слики, моментално хоспитализирани се само уште десеттина пациенти. И тие веќе се во фаза на опоравување. Наскоро излекувани ќе си заминат дома. Одамна нема притисок на Клиниката за инфективни болести во смисла на хоспитализации, но во ниту еден момент не треба да се заборават стотиците болни кои поминаа тука, заради што бевме приморани да ја отвораме и модуларната болница. Затоа сметам дека секое олабавување на мерките кои ги воведовме уште на почетокот на пандемијата на корона вирусот треба постепено да се олабавуваат, како што впрочем и се прави. Најавата дека наскоро нема да имаме потреба од маските во речиси сите затворени објекти, со исклучок на четири места е согласно добрата епидемиолошка состојба во Македонија, но секако ќе треба да бидеме внимателни. Иако сега имаме само уште десеттина пациенти, како што веќе напоменав, верувам дека ќе има нови веројатно и пред есента да почне, посочува за Фактор, директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ.
Истовремено, како што нагласи во разговорот, според неа загрижувачки е многу нискиот опфат на вакцинирани граѓани против корона вирусот. Во земјите кои веќе огромен дел од антиковид мерките целосно ги олабавија, процентот на вакцинирано население е над 80 проценти, кај нас нема уште ниту 45 проценти.
Инаку, во основните училишта веќе две недели за учениците заштитните маски не се задолжителни, додека пак средношколците со душа очекуваат Владата во текот на оваа недела да ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести, со која маските и за нив повеќе нема да бидат задолжителни.
Во текот на неделава се очекува и Владата да ги прифати препораките кои Комисијата за заразни болести ги соопшти по последниот состанок во средата, а тоа се укинување на маските во сите затворени простори, освен во здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за стари лица, како и укинување на мерката која се однесува на следењето на контактите на заразено лице со корона вирусот.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име




