НА ИНФЕКТИВНА ПРИМЕНИ 8 НОВИ ПАЦИЕНТИ, ВО „8 СЕПТЕМВРИ“ 11: Во болниците во земјава од ковид се лечат 418 пациенти
Објавено во: Македонија 26 Јули, 2020
На Клиниката за инфективни болести од вчера до денеска се хоспитализирани осум нови пациенти заболени од корона вирусот. На оваа клиника во монетов има вкупно 83 пациенти, од кои дури половината, односно 40 се ставени на кислородна поддршка. Министерството за здравство информира дека во оваа болничка установа нема пациенти кои се ставени на респираторни апарати.
Во Ковид-центарот 2 „Козле“
има вкупно 23 пациенти, од кои 11 се возрасни, а 4 се деца. Таму има и осум пациенти
кои засега се суспектни на ковид.
Најмногу пациенти повторно се примени во ГОБ „8 Септември“, односно во последните 24 часа, во овој Ковид-центар се хоспитализирани нови 11 заболени од вирусот. Во болницата лежат точно 100 пациенти.
Речиси целосно се исполнети и болничките капацитети во Битола, каде се хоспитализирани 40 пациенти, како и во Клиничката болница во Штип, каде има 46 пациенти на кои им е неопходен болнички третман.
На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово, во Прилеп, во Гостивар, во Струмица и во Струга се хоспитализирани 126 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
А.Б.