01 Јули, 2024
0.0272

НА ОГЛАС СЕ БАРА ДИРЕКТОР НА ЦАРИНАТА - Славица Кутиров не одговара дали ќе се пријави за челното место на институцијата која наплатува половина од државните приходи

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Владата преку оглас ќе бира директор на Царинската управа, една од клучните институции во земјава, која ги наплаќа царините и акцизите, и контролира и се обидува да спречи царински прекршоци, шверц и други кривични дела.

Во моментов директорка на Царинската управа на земјава е Славица Кутиров. Таа на оваа позиција беше назначена од Владата на крајот на јули минатата година, што значи дека со Царината раководи нешто повеќе од пет месеци. Претходно, пак, Кутиров ја вршела функцијата заменик директор на Царинската управа.

Инаку, Кутиров за в.д. директорка на Царината беше именувана откако од таа привлечна функција мораше да си замине Горан Сугарески, бидејќи тој се кандидираше за градоначалник на општина Прилеп.

Огласот кој го распишала Владата за директор на Царинската управа на нејзината веб страница, но и во дел од дневниот печат, ќе трае се до 11 февруари, или конкретно сите заинтересирани за оваа функција, ќе треба да се пријават до петок оваа недела.  

Фактор ја праша сегашната директорка Славица Кутиров дали таа ќе се пријави на огласот на Владата за избор на директор на Царинската управа, како и дали очекува дека ќе биде избрана на оваа позиција. Се интересиравме и дали Кутиров е задоволна од постигнатото досега на таа позиција и, доколку се кандидира, зошто смета дека треба да биде избрана за редовен директор на Царината.

Добивме интересен одговор од една реченица од Царинската управа, во кој ниту се потврдува ниту се демантира дали Кутиров ќе се пријави за директорка, туку само се наведува дека таа била зафатена со обврски, а огласот за избор на директор бил во тек.

„Ви благодариме за доставените прашања.  Во врска со истите, информираме дека директорката на Царинската управа Славица Кутиров е зафатена со обврски и тековни активности, а огласот за избор на директор е во тек“, се вели во одговорот што го добивме од Царината.

Инаку, директорката на Царина беше особено во интерес на јавноста кога изби скандалот со автобусот на „Беса Транс“, во кој загинаа 46 македонски државјани во Република Бугарија. Всушност, тогаш излезе информацијата дека ниту еден од автобусите на „Беса Транс“ не бил електронски евидентиран во системот кога ја поминувал границата.

„Во изминатата година имало повеќе од 60 преминувања на различни релации на четири гранични премини. Има евидентирано документи како извод од лиценца со различни бројчиња. Секторот за внатрешна контрола почнува истрага и сега има постапка за суспендирање на двајцата службеници кои таа вечер биле на смена и нивниот непосреден раководител и врз основа на наодите од дисциплинската постапка ќе се процени дали информациите кои ќе се се соберат, ќе има потреба да се спроведат до Јавното обвинителство“, изјави во ноември лани во интервју за ТВ 24 директорката на Царинската управа Славица Кутиров.

Инаку, во интервју што го има дадено за Фактор, Кутиров нагласи дека во Царинската управа работи повеќе од 20 години. Таа потврди дека се работи за многу значајна институција, односно институција која врши наплата на околу 47 отсто од вкупните приходи во буџетот на државата, има задача да го штити здравјето и безбедноста на граѓаните и да спречува нелегални и криминални активности во прекуграничната трговија. 

„Царината е и една од клучните алки во глобалниот синџир на снабдување. Од тие причини, Царината мора постојано да се развива и да ги следи највисоките меѓународни стандарди, применувајќи нови технологии за контрола и олеснување на трговијата, особено кога станува збор за директивите и праксата во Европската Унија. Сето ова бара стабилност и континуитет во работењето, имплементација на многу развојни проекти, координација и комуникација со други надлежни министерства и институции и секако, примена на стабилен и сеопфатен внатрешен контролен систем. На сите овие работи лично сум фокусирана во изминатиов период“, изјави во интервјуто Кутиров.

Инаку, во огласот кој го распишала Владата и кој ќе трае до петок оваа недела, се наведува дека таа, на предлог на министерот за финансии ќе именува директор на Царинската управа.

„За директор на Царинската управа може да биде именувано лице кое ги исполнува следните услови: да е државјанин на Република Северна Македонија; во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност; да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование; да има најмалку пет години работно искуство; да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: ТОЕФEЛ ИБТ - со најмалку 74 бодови, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бодови, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода илиАПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2)“, се вели во огласот.

Се додава и дека за директор на Царинската управа може да бидe именуванo лицe кое покрај овие, ќе треба да исполнува и дополнителни услови. Во огласот се наведува и дека коефициентот за пресметување на плата е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата.

„Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е пет работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат“, се вели во владиниот оглас.

Како што е познато, во декември лани Владата распиша огласи за избор на директори на Државниот инспекторат за труд и на Државниот пазарен инспекторат, со кои раководеа в.д. директорките Јована Тренчевска и Анета Симеска Димоска. Начинот на избор беше сличен, односно можеа да се пријват сите заинтересирани кандидати кои исполнуваат одредени услови. Од сите кандидати изборот бил направен на двете тогаш в.д. директорки, по што тие се избрани за редовни директорки на двете институции. 

Но, сега екс директорката на Државниот инспекторат за труд, Јована Тренчовска, веднаш потоа беше предложена и избрана за нова министерка за труд и социјална политика. Тоа значи дека Владата ќе мора да назначи нов в.д, директор, а потоа и преку оглас да бара редовен прв човек на овој многу значаен државен инспекторт. Досега нема информација од Владата дека е именуван нов в.д. директор, или дека е распишан оглас за избор на прв човек на таа институција.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„СЛЕДНАТА СВЕТСКА ЕКОНОМСКА КРИЗА ЌЕ СЕ СЛУЧИ ВО 2026 И ЌЕ БИДЕ НАЈЛОША ВО ИСТОРИЈАТА“: Британскиот економист Фред Харисон со ново предупредување

„СЛЕДНАТА СВЕТСКА ЕКОНОМСКА КРИЗА ЌЕ СЕ СЛУЧИ ВО 2026 И ЌЕ БИДЕ НАЈЛОША ВО ИСТОРИЈАТА“: Британскиот економист Фред Харисон со ново предупредување

ПОВТОРНО ПОСКАПУВА ЦРНОТО ЗЛАТО - цената на нафтата порасна за 6 отсто на месечна основа

ПОВТОРНО ПОСКАПУВА ЦРНОТО ЗЛАТО - цената на нафтата порасна за 6 отсто на месечна основа

Стопанската комора организира бизнис дружење со најуспешните членки

Стопанската комора организира бизнис дружење со најуспешните членки

Осигурителните компании донесоа економска стабилност и сигурност во земјава

Осигурителните компании донесоа економска стабилност и сигурност во земјава

Вреди да се штеди ама и кој вложува – добива! Кој ги израдува своите акционери со 36,6 милиони евра дивиденда?

Вреди да се штеди ама и кој вложува – добива! Кој ги израдува своите акционери со 36,6 милиони евра дивиденда?

Косовска компанија завладеа со пазарот со млазно гориво во Македонија

Косовска компанија завладеа со пазарот со млазно гориво во Македонија

БУГАРИЈА УШТЕ СЕ НАДЕВА НА ЕВРОТО: Во ЕУ е 17 години, зошто уште не ја воведе европската валута?

БУГАРИЈА УШТЕ СЕ НАДЕВА НА ЕВРОТО: Во ЕУ е 17 години, зошто уште не ја воведе европската валута?

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?