ПЛАКАТИ СО ВУЧИЌ ВО СЕВЕРНО КОСОВО: Врховен команданту, те чекаме
Објавено во: Балкан 30 Јуни, 2024
Во северно Косово утрово се појавија плакати со фотографијата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со пораката „Врховен команданту, те чекаме“.
Постерите, на кои се гледа Вучиќ и зад него припадници на српската војска, се залепени на згради, куќи, локали и во јавни простори во четирите општини на северот на Косово, населени со мнозинско српско население – Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток. Заменик директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, за Радио Слободна Европа потврди дека властите отвориле случај за „предизвикување омраза“. „Памфлети со фотографијата на претседателот на Србија се разделени на повеќе локации во четирите општини на северот од земјата. По консултација со државниот обвинител, отворен е случајот за поттикнување омраза“, рече Елшани. Засега нема осомничени за поставување на овие плакати, но „полицијата работи на расветлување на случајот“. И во Србија неодамна имало натписи „Кога војската ќе се врати на Косово“. фото МИА
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.