09 Октомври, 2024
0.0303

На пиедесталот на листата на милијардери на „Форбс“ е основачот на „Амазон“, Трамп падна за 222 места

Објавено во: Стил 06 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Трамп падна за 222 места на годишната листа на милијардери, што ја објавува магазинот „Форбс“. Неговото богатство се намали од 3,5 на 3,1 милијарда долари и магазинот појасни дека ова се должи на падот на вредноста на неговиот имот во централен Њујорк, како и на намалени приходи од неговите голф терени. Трамп сега се наоѓа на 766. место.

На пиедесталот на листата е основачот и сопственик на онлајн гигантот „Амазон“, Џеф Безос, чие богатство за една година порасна од 39,2 на 112 милијарди долари, што е најголем забележан раст досега.

На второто место се наоѓа Бил Гејтс со 90 милијарди долари. 

Рекордна бројка од 2.208 милијардери се најде на 32. издание на листата и тие вкупно вредат 9,1 трилиони долари.

Најбогата личност во Европа е Бернар Арно, кој е вкупно четврти на листата со 72 милијарди долари, зад Ворен Бафет (84).

Најмногу милијардери има во САД – 585, од кои само во Калифорнија се 144, па следува Кина со 373.