03 Мај, 2024
0.0249

На повидок уште една воздухопловна трагедија во англиската премиерлига

Објавено во: Свет 22 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

На повидок е уште една несреќа со воздушниот сообраќај што ќе ја потресе најсилната фудбалска лига во светот - англиската премиерлига откако клубот Кардиф сити изрази загриженост за судбината на Емилијано Сала, фудбалер чиј договор со Нант месецов беше откупен за рекордна сума на пари во клупската историја и допрва требаше да заигра за својот нов тим.

Авионот со кој летал на пат кон Кардиф исчезнал некаде меѓу Франција и Велс. Дваесет и осумгодишниот аргентински напаѓач во саботата стана најскапиот фудбалер во историјата на Кардиф, откако беше купен од Нант за 15 милиони фунти. Се стравува дека тој бил еден од двајцата луѓе во малиот авион „пајпер малибу“, кој исчезнал над Каналските Острови во понеделникот вечер. Нема трага од авионот од синоќа од 19.15 часот.

Изминатата есен, Вишај Шривадханапраба, сопственикот на Лестер беше меѓу жртвите на хеликоптерската несреќа, што се случи непосредно по завршувањето на натпреварот со Вест Хем. Газдата-милијардер со своите финансии му помогна на Лестер како аутсајдер да стане англиски шампион пред две и по година.

Освен 61-годишниот тајландски милијардер, во хеликоптерот беа и една од неговите две ќерки, двајца пилоти и уште едно лице, чиј идентитет засега не е познат. Не е познато дали некој ја преживеал несреќата. Хеликоптерот се урна набргу по полетувањето од теренот на стадионот „Кинг пауер“, еден час по завршувањето на мечот Лестер-Вест Хем. Тој паднал на паркингот во близина на стадионот.



Можеби ќе ве интересира

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)