На Путин му помина лутината за прелетот на швајцарските ловци
Објавено во: Свет 21 Ноември, 2016
Рускиот претседател Владимир Путин во негов препознатлив стил на духовит начин одговори на новинарските прашања за опасниот прелет на швајцарските воени ловци во непосредна близина на рускиот патнички владин авион. Тој на самитот АПЕК во Перу посочи дека воопшто не е лут, а прелетот го оцени како почесна швајцарска придружба. Со ова тензиите меѓу Кремљ и Берн се смирија.