26 Април, 2024
0.0289

На работниците на ФЕНИ повторно им се ветуваат платите

Објавено во: Економија 06 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Стечајниот управник на Фени Индустри Мирослав Анастасиевски повторно преку соопштение за јавност ги уверува работниците дека ќе ги добијат неисплатените плати откако е добиено решението од Основниот суд Велес, доверителите подносители на пријавата за стечај, ги депонирале потребните средства на сметката на Фени Индустри.

Стечајниот управник  најавува дека првиот чекор кон стабилизација е исплата на платите на вработените, за што е почната процедура за пресметка. Вработените ќе примат плата и ќе потпишат договори за вработување, без прекин на стажот, континуитетот ќе биде запазен, со што, како што вели, во целост се заштитени нивните права.

- Секој работник, мора одговорно да пристапи во остварување на обврските, работните задачи. Сите барања на работниците се задоволени, согласно законската процедура, затоа апелирам да не потклекнуваат на шпекулации, да се посветиме сите заедно на работниот ангажман и да покажеме дека Фени може да биде успешна приказна на Македонската економија. Несебичната поддршка и работната ангажираност на вработените се двигател на овој процес, наведува стечајниот управник на Фени Индустри, Мирослав Анастасиевски

Претходно работниците на ФЕНИ ги обновија протестите и сметаат дека се најоштетени во целата стечајна постапка. Се уште нема информации кој ќе биде нов инвеститор кој ќе го преземе долгот од околу 60 милиони евра на ФЕНИ и ќе ја рестартира фабриката за фероникел.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката