На РТС и се заканува „грчкото сценарио“
Објавено во: Балкан 22 Август, 2013 11:15
Членот на Работната група за изработка на законот за јавни медиумски сервиси во Србија, Саша Гајин, вели дека не е тешко да се замисли и Радио телевизија Србија (РТС) и Радио телевизија Војводија (РТВ) да го доживеат „грчкото сценарио“.
- Наместо да се оди на тоа јавниот сервис да се развива и да се направи поинтересен со содржини и информации, се прават напори јавниот сервис вештачки да се одржи во живот, па и дури тоа да биде и на елементарно ниво. Од тоа елементарно ниво, не е тешко да се замисли дека јавниот сервис, РТС и РТВ, да може да ја доживее судбината која можеби би наликувала на грчко сценарио, изјави Гајин за весникот „Данас“.
Тој вели дека работната група барала одговор од надлежните зошто се откажува од претплатата, односно надоместот, но напоменува дека никогаш не добиле одговор. - Не знаеме за што се работи и од каде идејата за преминување на буџет, додаде тој.
Според него, идеално решение би било претплатата да се вгради во законот.
Грчката Влада во јуни оваа година поради штедење, ја укина државната телевизија и радио ЕРТ. - ЕРТ е случај на исклучителен недостиг на транспарентност и неверојатно претерување. Со ова на тоа се става крај, рече тогаш грчки владин претставник.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




