17 Декември, 2025
0.0612

На рударите не им е доволно „СРЕЌНО“: Како се случи трагедијата во Распоточје?

Објавено во: Балкан 05 Септември, 2014 20:05

Добивај вести на Viber

Трагедијата во јамата на рудникот за јаглен Распоточје во Зеница, во која загинаа петмина рудари, е само резултат на константните безбедносни проблеми со кои се соочува овој рудник. Несреќата предизвикана од земјотрес и т.н. „горски удар“ остави заробени 34 рудари на 100 метри под земја. Само 29 од нив беа спасени, а на спасувачките екипи им беа потребни повеќе од 20 часа да ги извлечат. За петмина помошта дојде предоцна. Според Синан Хусиќ, претседател на Синдикатот на рудари во Федерацијата Босна и Херцеговина, и настрана од земјотресот, Распоточје е јама позната и подложна на „горски удари“, кои особено зачестиле во последните три месеци. „Сигурно е дека фелата ќе мора да го анализира ова. Рударската инспекција по се ова сигурно ќе мора да даде свое мислење кога е во прашање начинот на експлоатација на јаглен во Распоточје“, вели тој. Во останатите рудници во Босна и Херцеговина вакви и слични несреќи не се толку чести. „Распоточје и Стара јама во Зеница се најтешки јагленокопи во Бих. Зеница е позната и во поранешна Југославија како место каде се случувале вакви несреќи. Распоточје претставува еден од најголемите безбедносни предизвици кога станува збор за рударството. Но, рударската фела во земјава, не само кога е во прашање безбедноста на рудниците, е буквално турната на страна. Клучниот збор во проектирањето и водењето го водат административните структури во министерствата и инспекциите, како и некои структури кои имаат моќ на управување. Професорите се на маргина и никој не ги прашува. Јас сум уверен дека тоа не е случајно“, вели професорот Един Делиќ од Рударско-геолошко-градежниот факултет во Тузла. Според него, мора да се повлече линија по се што се случува во последно време во Распоточје и да се бараат алтернативни решенија. Делиќ објаснува дека „горски удар“ е специфична несреќа која не се случува често, но се појавува во рудниците во кои се наоѓаат цврсти карпи, кои при ископување не се уриваат, туку колапс се случува кога ќе се отвори поголем простор. Одронот тогаш е проследен со акустичен удар и појава на прашина, а може да има и посериозни последици. И покрај оваа појава, за рударите мора да се обезбедат максимално добри услови за работа, што во овој случај се покажа дека не се прави. „Несреќи се случуваат насекаде во светот, но кога ќе се случат некои работи таму се менуваат. Кај нас не е така. На пример во Јапонија, кога се случи слична несреќа, следуваше инструкција според која стана задолжително во јамите на секои 100 до 200 метри да се поставуваат комори за дишење, во кои луѓето можат да се спасат“, појаснува професорот Делиќ. Јамата Распоточје има и кобно минато. На 12 мај 1982 година во неа загинаа 39 рудари во трета смена.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни