05 Мај, 2024
0.0265

На стари горива од пет милиони литри во Македонија им поминува рокот

Објавено во: Економија 15 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Во два склада во Македонија нафтени деривати од пет до шест милиони литри не се променети повеќе од четири години, а Државниот завод за ревизија бара од Дирекцијата за нафтени резерви да ја пушти во промет бидејќи ги губи хемиско-физичките својства.

Ова го констатира државниот ревизор во својот најнов извештај, а директорот на дирекцијата, Уљуси Бекири, вели дека се работи за количина од пет до шест милиони литри. Дирекцијата ја превземала одговорноста за складовите откако еден од приватните складиштари се откажал од таа дејност во 2014, а од 2015 не дошло до размена на ново со старо гориво.

- Според препораките од лабораторијата која ја врши контролата, имаме време до крајот на оваа година. Едната опција за која сме во преговори со „Окта“ е таа да се превземе од нивна страна и да се дислоцира, а втората е истата да се продаде, за што ќе се размислува по јануари бидејќи најпрво треба да се донесе планот за јавни набавки за 2020, вели Бекири.

Директорот на Дирекцијата за нафта и нафтени резерви додава дека со новата владина уредба на приватните трговски друштва - складиштари им се плаќа за чувањето на нафтата и, според тоа, ќе има интерес од нивна страна да се надмине овој проблем.

Инаку за ова Фактор пишуваше уште лани, кога никој не зборуваше за недостатокот.

Приватните складиштари имаат обврска да вршат обновување на залихите заради зачувување на хемиско-физичките својства на резервите. Двата склада се во сопственост на државата, од кои за едниот право на користење има Министерството за одбрана додека другиот Агенцијата за стокови резерви.

Дирекцијата за нафтени резерви ја известила Владата дека старата нафта треба да се замени уште во 2018, по што дури во мај 2019 со законси измени се обезбедува можност за нејзино заменување кое не е направено до денес.

Двата склада се наоѓаат во Куманово и Гостивар. Од дирекцијата го известиле ревизорот дека се земени мостри за да се испита квалитетот на екстра-лесното масло и Еуросупер 95, при што за првиот случај во објаснувањето се вели дека нема губење на својствата, а за другиот се уште се чекаат резултатите.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години