27 Април, 2024
0.0283

Не чекаат два пати повеќе земјотреси во 2018: Во Европа најризична е Албанија, најбезбедна во светот е Катар, а каде сме ние на листата?

Објавено во: Свет 18 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Четири земјотреси со магнитуда од 7 или повеќе според Рихтеровата скала ја погодија земјата оваа година. Потрес со магнитуда од 7,9 во јануари го потресе брегот на Алјаска. Во Хондурас е забележан потрес со јачина од 7,6 степени по Рихтер додека во Перу земјотресот беше силен 7,1 степени . Во саботата 7,2 степени силен земјотрес го погодија Мексико. Овие земјотреси зад себе оставија бројни жртви.

Фактот дека земјотреси се случуваат во вака краток период го привлече вниманието на научниците, бидејќи во 2017-та се забележани вкупно седум земјотреси со оваа јачина.

Научниците врз основа на географски податоци и примероци на веројатност дале прецизен календар на природни катастрофи, а она што е истакнато е дека оваа година се закануваат дупло повеќе земјотреси отколку во 2017-та, наведува британски телеграф.

Според нивно тврдење, постои силна врска помеѓу брзината на ротацијата на Земјата и сеизмичката активност. Од 2011 година планетата се врти се побавно (се говори за неколку илјадити делови од секундата). Сепак, таа незначајна промена може да покрене интензивни активности во внатрешноста на Земјата.

Според извештајот на американските научници, забавувањето на Земјината ротација во пет случаи довело до двојно зголемување на бројот на големи земјотреси. Извештајот минатиот месец го претставија Роџер Бирхам од Универзитетот Колорадо и Ребека Бендик од Универзитетот Монтана.

-Сосема е јасно-изјавил Бирхам за британски Обсервер.

Земјата ни нуди петгодишни предзнаци за идните потреси.

Додал:

-Заклучокот е јасен. Оваа година ќе дојде до значаен број на потреси.

Според податоците на World Risk Reporta  за 2016, најнесигурната земја на светот е Вануато, островска држава на која и се закануваат природни катастрофи. Дури повеќе од третина од нејзините жители се од опасност од непредвидливо чудо на природата, а им се закануваат потреси, вулкански ерупции и циклони.

Поради сето тоа таа земја го зазема првото место на листата, со индекс од 36,28 отсто. Следат Тонго, Филипини, Гватемала, и Бангладеш.

На подрачјето на Европа најризично е подрачјето на Албанија, која според опасности од природни катастрофи е на 40 место, а во врвот е и Холандија.

Србија се наоѓа на 68 место на најновата листа, БиХ на 91 а Македонија на 98.

Хрватска и Словенија се наоѓаат во земјите кои се сигурни од катастрофи, а се наоѓаат на 125, односно 134 место на листата која опфаќа 171 земја.

Најбезбедна земја на светот е Катар, чиј индекс е дури 0,08 посто. Следат Малта, Саудиска Арабија, Барбадос и Гренада.

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни