22 Мај, 2018
0.2880
    ALK 7923.39    -1.94%     CEVI 927    -2.93%     EUHA 3    0%     EVRO 3000    7.26%     GRNT 716    -1.35%     GTRG 3000    0%     KMB 4300    -0.99%     MKSD 200    -1.96%     MPT 31000    0.54%     MTUR 4100    0%     OKTA 3550    -4.05%     PPIV 44478.76    -0.05%     RMDEN09 98.5    1.55%     RMDEN10 98    0.2%     RZLV 44.13    -1.93%     STB 1018.27    0.5%     STBP 1121.15    1.19%     STIL 131.24    -0.75%     TEL 270    0%     TNB 13488.48    -0.09%     TPLF 1543.72    -3.93%     UNI 2361    -2.44%     ZILU 263.29    7.47%     ZPKO 2857    0.04%

Нацев: Чудно е како судот не гледа потреба за притвор на обвинетите во „Монструм“

Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2018

Денеска во просториите на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ прес-конференција одржа Александар Нацев кој зборуваше за новиот судски процес во врска со убиствата кај Смилковското езеро.


„Вчера, одново започна судењето за случајот „Монструм“ во кој на најбрутален начин кај Смилковското езеро беа ликвидирани 4 млади момчиња и еден возрасен човек. Јавното обвинителство не се откажа од обвинителниот акт и кривичното дело „тероризам“ кое што согласно доказите им се става на товар на обвинетите. Тие и понатаму се гонат за тероризам, но органите на прогонот во овој случај не гледаат проблем во фактот што лица кои се обвинети за тероризам се бранат од слобода. Органите на прогонот не гледаат причина за изрекување на мерка притвор и покрај фактот што двајцата првообвинети во предметот Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се уште се во бегство“ , вели тој.

Нацев додава дека обвинетите за грозоморното убиство кај Смилковското езеро ја имаат целосната доверба на судот дека нема да избегаат, да го повторат делото или да влијаат на каков било начин.

„Двојните аршини во судските процеси во Република Македонија се очигледни. Ова не е правда, туку неправда. Лидерот на ДУИ Али Ахмети, најави повторното судење од почеток за „Монструм” како дел од договорот помеѓу ДУИ и СДСМ, односно „Тиранската платформа”. Судот ја повтори истрагата и ги ослободи од притвор обвинетите. Колку е ова политика, а колку правда е повеќе од јасно. Членот 98 од Уставот на Република Македонија, јасно вели: Судската власт ја вршат судовите. Судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Во овој случај прекршен е член 98 од Уставот на Република Македонија. Судот не смее да работи со двојни аршини. Законот мора да биде еднаков за сите“, рече Нацев.

Можеби ќе ве интересира

Бучковски: Овие интензивни преговори верувам дека ќе завршат со компромис

Бучковски: Овие интензивни преговори верувам дека ќе завршат со компромис

Шеснаесетгодишник претепан во автобус

Шеснаесетгодишник претепан во автобус

Невреме во Македонија се очекува во следните два дена

Невреме во Македонија се очекува во следните два дена

Поповски спроведен во Шутка

Поповски спроведен во Шутка

Луѓето кои ги открија „бомбите“ во трка за европска награда заедно со Асанж

Луѓето кои ги открија „бомбите“ во трка за европска награда заедно со Асанж

(ФОТО) Зошто се поставува ограда пред судот?

(ФОТО) Зошто се поставува ограда пред судот?

Кој екс градоначалник е нов заменик-министер за надворешни работи?

Кој екс градоначалник е нов заменик-министер за надворешни работи?

Утре без вода улици во Центар и Лисиче

Утре без вода улици во Центар и Лисиче

Иванов уште не добил ништо „на писмено“

Иванов уште не добил ништо „на писмено“