Над 150 илјади евра вложени во акциите на ЗК Пелагонија
Објавено во: Финансии 03 Април, 2018 08:46
Во само една голема блок трансакција преку Македонска берза откупена е прилично голема количина на акции од агрокомбинатот ЗК Пелагонија АД Битола со вкупна вредност од 9,5 милиони денари или нешто над 150 илјади евра.
Во оваа блок трансакција една акција на ЗК Пелагонија е платена по цена од 2.726 денари, а продадени се вкупно 3.500 акции.
Според моменталните финансиски показатели вредноста на акциите на ЗК Пелагонија изнесува 2.810 денари, со запишана книговодствена вредност од 15.073 денари.
Оваа трансакција доаѓа непосредно по објавата на годишните финансиски извештаи според кои ЗК Пелагонија во 2017 година остварила двојно повисоки оперативни приходи и добивка поголема за речиси сто илјади евра во однос на годината претходно.
Сепак, и натаму нема информации дали годинава ЗК Пелагонија за прв пат по подолго време ќе подели дивиденда од чистата добивка од лани или ќе ја чува во резерви за други намени.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





