07 Декември, 2025
0.0266

Приходите на ЗК Пелагонија двојно пораснаа - Каква е добивката?

Објавено во: Финансии 02 Април, 2018 20:08

Добивај вести на Viber

ЗК Пелагонија АД Битола, како една од најголемите компании за производство на житни култури, бележи драстично поголеми оперативни активности во текот на целата 2017 година, што е многу видливо од годишниот финансиски извештај, но како таа оператива се одрази на крајот на вкупната добивка?

ЗК Пелагонија има одличен раст на оперативните приходи, особено на приходите остварени од продажба. Така во 2017 година има 3,1 милијарда денари оперативни приходи или речиси двојно повеќе од годината претходно. 

Вкупно ЗК Пелагонија оствари продажба вредна 2,8 милијарди денари или околу 45,6 милиони евра, од кои грото се на домашниот пазар. Раст има како во продажбата на домашниот пазар која е и најважна во овие резултати, а добри сигнали прикажува и продажбата во странство која од само 135 илјади евра во 2016 година се зголемила на дури 2,1 милиони евра во годината која измина. 

Зголемената активност на ЗК Пелагонија повлекува и раст на оперативните расходи кои изнесуваат 2,5 милијарди денари или околу 40,9 милиони евра. Тоа е за дури 12,9 милиони евра поголеми оперативни расходи во однос на 2016 година, па така и крајниот резултат не остава простор за огромна добивка, или пак огромен раст на самата добивка во однос на годината претходно. 

ЗК Пелагонија 2017 година ја завршува со добивка од 1,5 милиони евра, или за речиси 90 илјади евра повеќе од 2016 година. Овие податоци се од консолидираниот извештај што значи дека пресметани се резултатите на сите друштва и фирми со кои раководи ЗК Пелагонија АД Битола, односно сите нивни бизнис потфати. 

ЗК Пелагонија одамна нема доделено дивиденда. Нивните акции во моментот на пишување на овој текст на Македонската берза имаат вредност од 2810 денари, а запишаната книговодствена вредност на една акција изнесува 15.073,44 денари.

Неодамна во ЗК Пелагонија имаше и мало престројување на сопственичката структура, па така АД Жито Полог Тетово продаде дел од своите акции и остана на само 3,52% од сопствеништвото на друштвото, додека пак над 5% од сопственичката структура стигна акционерот Ненад Јосифовиќ со учество од 7,34% по откупот на нови акции. 

Автор: Христијан Станоевиќ

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција