20 Декември, 2025
0.0704

Над 6 илјади имигранти чекаат да влезат од Грција во Македонија

Објавено во: Балкан 09 Ноември, 2015 10:35

Добивај вести на Viber

Над 6 илјади луѓе чекаат да ја преминат грчко-македонската граница, а во реонот на пограничното село Идомени се формираат големи редици од луѓе, соопштува грчкиот весник „Етнос“.

Околу полноќ неколку мигранти се обиделе да ја преминат границата, но биле запрени од македонската полиција. Тензиите пораснале, откако на поголема група на луѓе не им било дозволено да влезат во Македонија.

Во обид да го забават влезот на мигрантите во последните денови македонските власти дозволуваат премин на мали групи од 60 лица на одредени интервали. Ова сепак води до купишта на луѓе на грчка територија.

Во текот на викендот во Идомени пристигнале над 11 илјади мигранти, со 200 автобуси. Во минатата недела фериботите во Грција не се движеа поради штрајк на морнарите и тоа го блокира трансферот на бегалци од источните острови кон копното на земјата.

Според информациите на телевизија „Скај“ само до 8.30 часот денес на пристаништето во Пиреја од островите пристигнале два брода со 3 илјади мигранти, а до крајот на денот се очекува да пристигнат уште бегалци.

Можеби ќе ве интересира

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај