Над десет луѓе се повредени во сообраќајка кај Битола
Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2022
Најмалку 10 луѓе се повредени при сообраќајна несреќа во близина на Битола.
Сообраќајната несреќа се случила на „Краварски пат” во 14.40 часот, меѓу три возила, автомобил, комбе со работници од битолска фабрика и паркирно возило за влечење. Повредените патници се префрлени во Клиничката болница во Битола. Две лица се со потешки телесни повреди.