19 Мај, 2024
0.0267

НАФТАШИ ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Црното злато оди на 100 долари!

Објавено во: Економија 12 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Проблемите со испораки на нафта од Иран и Венецуела веројатно ќе извршат притисок на глобалниот енергетски пазар, тврдат аналитичари од „Bank of America Merrill Lynch“.

Цените на фјучерсите на северноморската нафта од типот „брент“ која моментално се движи од околу 77 долари за барел, ќе достигне 90 долари за барел во другото тримесечие на 2019 година поради намалените светски залихи , порачуваат од таа банка.

Цените на црното злато меѓутоа би можеле да пораснат уште повеќе, бидејќи спогодбата помеѓу ОПЕК и другите главни произведувачи, како Русија за ограничување на производството и понатаму помагаат со намалување на глобалните понуди.

Влошувањето на ситуацијата во Иран може да ги искачи цените на 100 долари, односно на ниво кое не е видено уште од 2014 година, велат аналитичарите.

Нафтата „брент“ достигна највисоко ниво во изминатите три години набрзо откако Трамп претходно оваа недела кажа дека САД се повлекуваат од нуклеарниот договор кој е постигнат пред три години со Иран и најавил обновување на санкциите на Техеран.

Иран наводно произведува четири отсто од вкупните глобални испораки, и има дневно производство од околу 3,8 милиони барели.

Аналитичарите очекуваат дека ОПЕК и Русија постепено ќе ги намалат количините кои ги држат подалеку од пазарот. Меѓутоа, доколку не се повлечат од сегашниот договор за ограничување на производството, ситуацијата на глобалниот пазар, како оценуваат, ќе стане позатегната и цените ќе се зголемат.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа