04 Мај, 2024
0.1679

Нафтата поскапува - колку е цената?

Објавено во: Економија 19 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Северноморскиот „брент“ минатата недела поскапе за 1,6%, достигнувајќи цена од над 55,20 долари за барел. 

Вредноста на американската „лесна“ нафта порасна за 0,8% на речиси 52 долари за барел.

Овој раст дојде по одлуката на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) од крајот на ноември за намалување на дневното производство на енергенсот од 1 јануари 2017 година за 1,2 милиони барели. Кон ваквата одлука се придружија и некои производенители на нафта кои не се членки на картелот, како што е Русија.

Оваа одлука има за цел да придонесе за „стабилизирање на нафтениот пазар“, односно за зголемување на цената на нафтата со создавање на дефицит на енергенсот.

По ваквите последни движења на вредноста на нафтата, иневстициската банка „Голдман Сакс“ ги промени своите прогнози за движењето на цените на енергенсот на светските бези во текот на следната година.

Банката предвидува дека во текот на вториот квартал догодина цената на нафтата ќе достигне околу 57,50 долари за барел, наспроти претходните прогнози од 55 долари.

ОПЕК и некои други земји најавуваат намалување на производство на нафта, во САД продолжува трендот на раст на новоотворени наоѓалишта на енергенсот, што започна пред седум месеци.

Компанијата „Бејкер Хјуз“ објави дека минатата недела бројот на активни наоѓалишта на нафта во САД е зголемен за уште 12 на 510, што е најголема цифра од јануари годинава.

Сепак и покрај растот на производството во САД, аналитичарите проценуваат дека одлуката на ОПЕК и останатите земји прозводители ќе резултира со зголемување на цените на енергенсот, кои во следниот период ќе се движат меѓу 50 и 60 долари за барел.

Од средината на 2014 година, цените на нафтата се намалија за околу 100 долари, достигнувајќи до околу 30 долари за барел во февруари годинава, што претставуваше нивна најниска вредност во последниве 13 години.


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?