26 Април, 2024
0.0277

Нафтата со скок, нафташите со договор: Што се случува

Објавено во: Економија 08 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Цените на нафтата пораснаа за повеќе од 2 проценти, на 69 долари, што е највисока бројка од јануари минатата година.

Цената на нафтата скокна откако членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници се согласија да не ја зголемуваат понудата во април и да чекаат значително закрепнување на побарувачката.

Фјучерсите на суровата нафта „брент“ пораснаа за 1,52 долари, или 2,3 отсто, на 68,26 долари за барел, а лесната нафта WTI порасна за 1,30 долари, или 2,0 отсто, на 65,13 долари, така што обете светски референци за нафта се на пат да забележат значителни неделни добивки.

Така, цените на „црното злато“ скокнаа за повеќе од 4% по состанокот на групата ОПЕК +, на кој беше донесена одлука за продолжување на ограничувањето на производството до април, со исклучок на Русија и Казахстан, на кои им беше дозволено мало зголемување на пумпањето.

ОПЕК + се определи за претпазлив пристап одлучувајќи да го зголеми производството за само 150.000 барели на ден во април, додека учесниците на пазарот очекуваа зголемување од 1,5 милиони барели на ден - вели Џовани Стауново, аналитичар за нафтените пазари во швајцарската УБС банка.

Инвеститорите исто така беа изненадени од одлуката на Саудиска Арабија да го продолжи своето доброволно намалување на производството од еден милион барели дневно над утврдената квота до април, иако цените на нафтата се зголемија во последните два месеци, поттикнати од економскиот оптимизам заради кампањата за вакцинација „Ковид-19“ околу светот.

Аналитичарите сега ги разгледуваат нивните претходни предвидувања за идните движења на цената на нафтата, земајќи го предвид продолжувањето на ограничените испораки на групата ОПЕК +, како и фактот дека американските производители на шкрилци ги „блокираат“ трошоците со цел да ги зголемат заработувачките на инвеститорите.


Можеби ќе ве интересира

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто