26 Април, 2024
0.0286

НАФТЕНА КАТАСТРОФА: Бунарите на САД ги „потонуваат“ цените

Објавено во: Економија 19 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Американската WTI нафта се тргуваше под 45 долари за барел по четвртиот неделен пад на цените.

Причината за енормниот пад се шпекулации дека рекорднот раст на производство на американските нафташи ќе ги поткопа настојувањата на ОПЕК да ја урамнотежи презаситеноста на понудата на пазарот.

Цената на нафтените фјучерси се лизна најниско за 0,4 посто во Њујорк, после најдолгата рунда неделен пад од август 2015.

Американските нафташи продолжија да го зголемуваат бројот на бунари 22 недела последователно, што е најдолг период во три децении, според податоци на компанијата Бејкер Хјуз.

Имено, произведувачите на нафта во САД го зголемиле бројот на бунари за шест на 747 што е највисоко нивно од април 2015. Американското производство на сирова нафта порасна на 9,33 милиони барели дневно.

Американската лесна нафта WTI за испорака во јули, чиј договор истекува утре, е тргувана за 44,56 долари за барел на Њујоршката берза, односно за 18 центи во пад.

Северноморската нафта брент за испорака во август е договарана денес за 17 центи пониско, на 47,2 долари по барел на лондонската берза ICE фјучерс Европа. Цената на брентот падна минатата недела за 1,6 отсто.

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво во седум месеци минатата недела по загриженоста дека растот на американските испораки ќе го неутрализира кратењето на производството кое го спроведуваат членките на ОПЕК со партнерите надвор од нафтениот картел, на чело со Русија.

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9