19 Мај, 2024
0.0287

НАФТЕНИ ИГРИ: Саудиска Арабија е подготвена на компромис за ...

Објавено во: Свет 23 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Саудиска Арабија предложила да го намали своето производство на нафта, ако ривалот Иран се согласи да го ограничи производството оваа година. Тоа би претставувало голем компромис пред почетокот на разговорите на членовите на Организацијата на земјите производители на нафта (ОПЕК) во Алжир во следната недела, тврди Ројтерс, повикувајќи се на тројца свои извори запознаени со дискусиите.

Предлогот што претстои да биде прифатен или одбиен од Техеран, е направен во овој месец, велат изворите на Ројтерс под услов за зачувување на анонимност.

Ријад е подготвен да го намали своето производство на пониски нивоа од оние од почетокот на оваа година, ако во замена Иран го замрзне производство на сегашното ниво, што е 3,6 милиони барели на ден, велат изворите.

„Тие (Саудијците) се подготвени за контракција, но Иран да се согласи да го замрзне својот принос“, вели еден извор на агенцијата.

Уште два извори ја потврдиле презентираната понуда на Техеран .

Првиот извор не појаснува со колкаво количество Ријад ќе го намали приносот. Производството на Ријад се зголемува од јуни наваму поради летното силно пребарување, достигнувајќи рекордно високи нивоа во јули од 10,67 милиони барели на ден и контракција се благи до 10,63 милиони барели на ден во текот на август. 

Од јануари до мај Саудиска Арабија произведуваше околу 10,2 милиони барели дневно.

Според двајцата извори сојузниците на Саудиска Арабија во рамките на ОПЕК - Обединетите Арапски Емирати, Катар и Кувајт, ќе придонесат за намалување на производството, ако се постигне договор.

Можеби ќе ве интересира

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела