20 Декември, 2025
0.0616

Нагло зголемување на приходите од туризмот во Грција

Објавено во: Балкан 19 Август, 2013 15:48

Добивај вести на Viber

Според податоците на Централната банка на Грција потрошувачката на туристите во Грција скокнала во јуни, потврдувајќи ги прогнозите дека рекордната летна туристичка сезона би можела на презадолжената земја да и' обезбеди добра инјекција од странски приходи.

Имајќи ги предвид падот на домашната грчка потрошувачка, инвестициите и иднустриското производство поради жестоките мерки за штедење, потрошувачката на странските гости останува единствениот можен придвижувач на растот на грчката економија којашто во 2013 година би требало да се намали за 4,2 отсто.

Според новите податоци , приходите од туризмот во јуни во Грција се зголемиле за 21 отсто, во однос на претходната 2012 година, на 1,59 милијарди евра. Со тоа вкупните приходи од туризмот во првата половина од 2013 година пораснале на 3,32 милијарди евра, што е за 18 отсто повеќе отколку во истиот период лани, кога стравот од грчкото излегување од еврозоната ги одвраќаше туристите од доаѓање во земјата.

Грчкиот туристички сектор во моментов прогнозира дека приходите од туризмот пораснале во оваа година за 10 отсто, на 11 милијарди евра ,со рекордни 17 милијарди гости. Хотелиерите, угостителите и туристичките компании ги спуштија цените и ги подобриле услугите за да ја надминат кризата и да привлечат повеќе гости.

Дополнителен позитивен фактор претставувал и подоброто мешање на гостите, вклучително и оние кои остануваат подолго и повеќе трошат во просек, како што се руските туристи.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација