Најбогатите Словенци ја продадоа својата компанија за да се посветат на нов бизнис
Објавено во: Економија, Балкан 24 Мај, 2017
Компанијата ја продале кога ја добиле како што кажуваат посакуваната цена од 898 милиони евра.
Сопружниците Само и Иза Логин за Блумберг откриваат дека словенечката компанија Outfit7, позната во светот по апликацијата Talking Tom ја продале за да се занимаваат со својата реална цел, производство на храна.
Апликацијата Talking Tom активно ја користат 350 милиони луѓе, а нејзиниот YouTube има 4 милиони претплатници и над 2 милијарди прегледи.
Интересно е дека пред да постигнат планетарен успех со оваа апликација, сопружниците имале неуспех со апликација за фудбал, туристички водич за Исланд, финансиски совети, и апликација за примена на лековити кристали.
Само и Иза велат дека одлуката за продажба на Outfit7 ја донеле на почеток.
Тие планирале за 7 години да ја подигнат компанијата на едно завидно ниво, да ја продадат и да работат на она што бил нивен интерес.
Компанијата ја продале за сума од 898 милиони евра, а купувач е кинеска компанија која меѓу другото се занимава и со производство на пероксид.
Со продажба на 60%, семејството Логин како косопственици, заработија 539 милиони евра, со кои сакаат да ги решат проблемите со недостиг на храна и да создадат одржливо производство. Иза и Само на пописот на најбогати Словенци, според часописот Manager се први на листа со 669 милиони евра.
Тоа е помалку од една година порано кога имале 855 милиони евра.