04 Мај, 2024
0.0253

Најбројни поплаки за трудовата и пазарната инспекција

Објавено во: Економија 31 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Граѓаните годинава најмногу се жалеле на Инспекцискиот совет за работата на инспекторите од трудовата и пазарната инспекција.

Досега во советот се стигнати 64  претставки од граѓани и компании кои по разни основи се жалат на работата на инспекторите.

– Поплаки најмногу има за несоодветно, некултурно или неправилно постапување на инспекторите. Претставките не значи дека секогаш има инспекциска повреда. Секој кој ќе биде казнет, на некој начин сака да се пожали некаде, но имаме и доста случаи кога жалбата е оправдана, изјави претседателот на Инспекцискиот совет Ванчо Каргов.

Каргов најави и нов систем за оценување на работата на инспекторите кои ќе се оценуваат квартално со цел да се подобри квалитетот на инспекцискиот надзор.

За работата на четворица трудови инспектори од кои двајца од Скопје и по еден од Тетово и Струга се пожалиле граѓани и компании чии претставки денеска се разгледуваат од страна на надлежните во Инспекцискиот совет. Покрај ова, на седницата ќе биде разгледана и жалбата за еден инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување.

Минатата година од страна на инспекциските служби извршени се над 200 илјади инспекциски надзори од кои најголем дел инспекции спровеле трудовите и пазарните инспекции и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство и од Инспекторатот за земјоделство. Донесени се 41 илјада инспекциски мерки од кои најголем дел се решенија за отстранување на неправилностите, 1,5 илјада мандатни казнувања, 3,2 илјади покани за плаќање глоба, 3,6 прекршочни и 45 кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?