26 Април, 2024
0.1232

Најчевска е против лидерски средби а за писмени судии и јавни обвинители

Објавено во: Македонија 11 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

По лидерската средба која се случи меѓу двајцата ривали Заев и Мицкоски и нивните преговарачки тимови а која заврши неуспешно во јавноста се појавија и првите реакции.

Професорката Најчевска која е активен критичар на секоја власт преку Фејсбук вели дека таа е против лидерски средби.

Подолу го пренесуваме нејзиниот Фејсбук статус.

„Јас сум против лидерски средби и сум против многу работи кои во моментов се прават во мојата држава, ама бидејки ми рекоа многу сум зборела за се она што сум против, а не сум кажувала што треба и за што сум, еве малку:

Сум за писмени парламентарци (помал број, ама барем да знаат да читаат и да пишуваат).
Сум за писмени судии и јавни обвинители (помал број, ама да знаат да читаат и да пишуваат).
Сум за 7 министерства.
Сум за 32 општини.
Сум за максимум 3 јавни универзитети.
Сум наместо тендери за работи за кои постојат јавни претпријатија тие да си ја вршат работата за која се основани.
Сум за забрана на бизнисмени на високи владини позиции.
Сум за укинување на надзорните одбори и забрана на именување на членови во управни одбори со партиска позадина.
Сум за ограничување на помлади од 40 години да можат да станат министри или директори на јавни претпријатија или градоначалници.
Сум за забрана на политички партии основани врз етнички принцип.
Сум за етнички мешани градинки, основни и средни училишта.
Сум за ограничување на населението во градот Скопје на 600000.
Сум за градење железнички врски до малите градови и селата.
Сум за забрана на повеќе од 10 каменоломи во цела Македонија.
Сум за стимулирање на искористувањето на сончевата енергија.
Сум за вложување во урбанизација на селата.
Сум за едукатори во основно и средно образование со магистратури и нивни плати на ниво на советник во Влада.
Сум за отворање учителски факултет.
Сум за бесплатна струја вода и затоплување за секој примател на социјална помош.
Сум за враќање на извршувањето во рамките на судовите.
Сум за вложување во иднината наместо во минатото.
Сум за одземање на сите привилегии на пратениците.
Сум за покривање на патните трошоци на функционерите на ниво на јавен превоз.

Можам списокот да го продолжам, а можам и да образложам, за секоја точка поединечно.

Ги чекам политичките гарнитури кои ќе сакаат да работат на ова и граѓаните кои ќе изберат вакви политички гарнитури.“, напиша Најчевска на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица