Најчевска наведе кои се лица не треба да бидат амнестирани за 27 април
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2018
Јас сум една од тие што се против амнестија, против честа амнестија, изјави професорката Мирјана Најчевска вечерва во Анализа на ТВ 24.
Таа вели дека сепак овде се работи за политичка амнестија.
„Не би рекла дека има две групи на учесници, според мене има шест групи и треба различно да се третираат, и според мене четири не треба никако да подлежат на амнестија“, вели таа.
Посочува на организатори, водачи, службени лица, и луѓето кои беа насилни и тепаа.
Според неа, овие четири категории никако не треба да се амнестираат.
„Службите се тие кои мора да одговараат“, додава Најчевска.
Најчевска вели дека амнестирани треба да бидат луѓето кои биле дел од толпата, посебно ако не биле вмешани во физичко насилство.