18 Мај, 2024
0.1293

Најчевска за Османи: Во Уставот не е предвидено службен јазик во меѓународна употреба да биде друг јазик освен македонскиот

Објавено во: Македонија 18 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи пишува дека според амандманот на Уставот на Македонија, на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

Како што додава, друг јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено во овој член. 

„Личните документи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се издаваат на македонски јазик и неговото писмо, како и на тој јазик и неговото писмо во согласност со закон. Кој било граѓанин кој живее во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20 отсто од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, во комуникацијата со подрачните единици на министерствата, може да употреби кој било од службените јазици и неговото писмо. Подрачните единици надлежни за тие единици на локална самоуправа одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмо што го употребува граѓанинот. Секој граѓанин во комуникација со министерствата може да употребува еден од службените јазици и неговото писмо, а министерствата одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот. Во органите на државаната власт во Република Македонија службен јазик различен од македонскиот јазик, може да се користи во согласност со закон. Во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20 отсто од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20 отсто од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа“, коментира Најчевска. 


Вели дека во Уставот не е предвидено службен јазик во меѓународна употреба да биде друг јазик освен македонскиот. Додава дека правната служба во Министерството за надворешни работи (МНР) требала ова да му го објасни на министерот Бујар Османи. 

За обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека министерот за надворешни работи Бујар Османи го прекршил Законот за јазици, поради тоа што говорел на албански јазик на официјални средби, премиерот Димитар Ковачевски смета дека она што го прави опозицијата е една од низата на хистерии кои што сака да ги шири во општеството.

Министерството за надворешни работи побара извинување од ВМРО-ДПМНЕ поради, како што наведе, изречените груби лаги во врска со обраќањето на министерот Бујар Османи на средбата со неговиот шпански колега Хосе Мануел Албарез Буено.

Оттаму велат дека министерот се обраќа на ист начин од почетокот на мандатот како министер за надворешни работи последните три години, како и претходно две години како вицепремиер за европски прашања. Објаснуваат дека на јавните настапи пред домашната јавност, министерот се обраќа на двата службени јазици, што е видливо и од самиот видео запис, при што за медиумите секогаш е обезбеден и соодветен превод. 

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање