Најдоцна до петок Заев ќе го добие мандатот, смета Трајанов
Објавено во: Македонија 11 Август, 2020
Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов за емисијата „Само вистина“ на Канал 5 вечерва изјави дека потенцијален мандатар е претседателот на СДСМ, Зоран Заев и лично тој очекува најдоцна до петок да биде доделен мандатот на Заев и тој да се обиде да формира влада во уставниот рок од 20 дена.
„ДУИ претендира да биде единствен легитимен претставник на сите Албанци, што не е така, бидејќи има и други партии, а притоа да не заборавиме дека голем број Албанци гласаа за коалицијата „Можеме“. Сметам дека има национализам преку одредени екстремни изјави да се подигне нивото на преговарачкиот процес, да се подигне црвената линија. ДУИ имаше добра кампања за да биде во центар на внимание со флусколата Албанец премиер и тие инсистираат на тоа по секоја цена, што за мене лично е неприфатливо“, смета Трајанов.
Вели дека ни требаат функционална Влада и Собрание за да се зафатат со решавање на здравствените и економските проблеми.
Договор меѓу партиите засега нема.