27 Април, 2024
0.2266

Најголемиот производител на дијаманти губи пари

Објавено во: Економија 19 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Пад на профитот има кај најголемиот светски производител на дијаманти.

Нето профитот на руската компанија „Алроса”, најголемиот светски производител на дијаманти, во првите шест месеци од годината забележа пад за 36 отсто и изнесува 37,5 милијарди рубљи (560,56 милиони долари).

Нето профитот на компанија за вториот квартал на 2019 година е намален за 44 проценти во однос на претходниот квартал и за 47 отсто во споредба со истиот период од минатата година и изнесува 13,4 милијарди рубљи (200,2 милиони долари).

Приходите на „Алроса” во второто тримесечје од годината изнесуваат 57,4 милијарди рубљи (858,47 милиони долари) што е за 19 отсто помалку од првиот квартал и 21 проценти помалку во споредба со истиот период од минатата година.

„Алроса” ги намали своите процени за вложување за 2019 година од 28 милијарди рубљи (418,6 милиони долари) на 23,4 милијарди рубљи (349,84 милиони долари).

Проекцијата на производство е зголемено на 38,5 милиони карати во однос на претходната прогноза за околу 38 милиони карати.

Компанијата „Алроса” е најголемиот производител на дијаманти (во карати) во светот, а акционери се Руската Федерација, застапена од Федералната агенција за управување со имот (33,02 отсто), Јакутија (25 проценти) и нејзините региони (осум проценти). Додека околу 34 проценти од акциите се во слободен промет.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра