20 Декември, 2025
0.0659

Најосамената продавачка во Грција го затвори салонот со Ферари

Објавено во: Балкан 21 Август, 2013 11:22

Добивај вести на Viber

Некогаш во Грција имаше повеќе луксузни теренци Porsche Cayenne отколку граѓани кои пријавуваа повеќе од 50.000 евра годишна заработувачка, но тие времиња поминаа, пишува Гардијан. Тоа добро го знае Алнгелика Карица која овој месец го затвори својот авто-салон за Ферари, единствениот во Грција кој ги продава овие скапоцени италијански автомобили, бидејќи речиси две години не продала ниту едно возило. - На почетокот од 2012 година продедовме еден 458 Spider, но потоа ништо - рекла, најверојатно најосамената продавачка во Грција. Во земјата тешко погодена од рецесијата и невработеноста, и пазарот со автомобили проживува тешки денови. Дури и на бродосопствениците и другите богаташи, во вакви времиња, им е непријатно да парадираат со скапоцени автомобили. Cпоред податоците на грчката задруга на авто-превозници, бројот на нови автомобили регистрирани во министерството за транспорт до јули оваа година, паднал за повеќе од 75% во однос на истиот период во 2008 година. Тогаш биле регистрирани повеќе од 187 илјади патнички возила, од кои 12 Ферари и повеќе од 300 Порше. Оваа година регистрирани се помалку од 37.000 автомобили, вклучувајќи шест Порше, но без Ферари. Повеќето продадени автомобили од Грција завршуваат во Албанија и Грузија. - Оние кои мислеа дека се богати и купуваа Porsche Cayenne за 60 илјади евра сега ги продаваат за околу 16 илјади евра преку посредници во земји како Грузија - вели Кристос Cавидес, некогашен љубител на автомобили кој станал таксист откако поради кризата ја изгубил работата во електраната. - Открија дека едноставно се прескапи за одржување. Дури ни банките не сакаат да ги запленат бидејќи повеќе не можат да си дозволат складишен простор - додава Cавидес.  

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација