НАЈСКАПА КУЌА ВО СРБИЈА: Koлку платил купувачот за имотот на Дедиње?
Објавено во: Балкан 04 Март, 2020
Најскапиот стан во српската престолнина Белград е продаден за 8.683 евра за квадратен метар, а најскапата куќа за 4.5 милиони евра.
Геодетскиот завод на Србија ги објави податоците за минатата година.
Во 2019 година е продадена куќа на Дедиње во улица ,,Ужичка“ за 4.500.000 евра. Додека за највредниот стан во зграда на ,,Белград на вода“, купувач дал 1.320.000 евра или квадратот го чинел дури 8.683 евра.