Највисоки плати во скопскиот регион, истокот најслаб
Објавено во: Економија 24 Јуни, 2017
Највисоки плати земаат вработените во скопскиот регион.
Ова може да се заклучи од податоците објавени во публикацијата Регионите во Македонија, на Државниот завод за статистика.
Просечна исплатена бруто-плата во 2016 година во скопскиот регион изнесувала 38 602 денари.
Во североисточниот регион просечната бруто плата е 24 818 денари, во полошкиот 31 524, во пелагонискиот 30 369, во југоистокот 25 632, во југозападниот 29 382, 24 423 во источен, и 25 896 денари во вардарскиот регион.
Состојбата била слична и во претходните години.