28 Мај, 2020
0.0348

НАМАЛЕНА ФИРМАРИНАТА ЗА ОВАА ГОДИНА - еве какви се олеснувањата од Градот Скопје

Објавено во: Економија 07 Април, 2020

Градот Скопје денеска ги извести сите таксени обврзници дека во услови на прогласена светска пандемија предизвикана од вирусот КОВИД -19 и последиците коишто истата ги предизвикува врз стопанството, со цел да им се помогне на компаниите да ги пребродат нарушувањата предизвикани од корона вирусот, Советот на Град Скопје донесе Одлука за изменување и дополнување на „Одлуката за висината на комуналните такси во Град Скопје“ започнувајќи од 01.01.2020 година.

„Со измените и дополнувањата се врши измена во Тарифниот број 1 на Одлуката, односно, се врши намалување на комуналната такса за фирма, како дополнително олеснување на финансиската состојба на таксените обврзници коишто вршат дејност на територијата на 10-те скопски општини“, се вели на официјалната страница на Градот Скопје.

Во соопштението од Градот се наведува сите таксени обврзници кои се уште не извршиле уплата на обврските по основ на комунална такса за тековната 2020 година по подолу наведените основи, истите треба да ги уплатат согласно со добиените решенија, но со намален износ, како што следи:

Во однос на тие обврзници кои веќе извршиле уплата со целосниот износ наведен во решението, Ви укажуваме дека уплатениот износ кој ја надминува  новоформираната цена  за фирмарина ќе се префрли за наредната година или по завршувањето на вонредната состојба, на барање на таксениот обврзник ќе се изврши враќање на дополнителните средства.

Воедно, Град Скопје напоменува дека во времетраење на вонредната состојба, нема да се постапува по опомените кои се доставени до обврзниците на данок на имот и до обврзниците на комунална такса и нема да се врши присилна наплата на заостанатите неплатени долгови.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТИ: Eврото скокна во однос на доларот

ВАЛУТИ: Eврото скокна во однос на доларот

УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ПОЧНУВААТ СО РАБОТА: Протоколот забранува организирање на прослави

УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ПОЧНУВААТ СО РАБОТА: Протоколот забранува организирање на прослави

По Германија, дали и Франција ќе оди во рецесија?

По Германија, дали и Франција ќе оди во рецесија?

Новак: Во однос на април побарувачката на нафта порасна за 20 проценти

Новак: Во однос на април побарувачката на нафта порасна за 20 проценти

ЌЕ ИМ ТРЕБААТ ГОДИНИ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА: Во Данска вакво нешто немало по Втората светска војна

ЌЕ ИМ ТРЕБААТ ГОДИНИ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА: Во Данска вакво нешто немало по Втората светска војна

Македонија се задолжи на меѓународниот пазар, ова е сумата и каматата

Македонија се задолжи на меѓународниот пазар, ова е сумата и каматата

ФАКТОР ДОЗНАВА: Владата пушти срце, локалите ќе работат до 22 часот

ФАКТОР ДОЗНАВА: Владата пушти срце, локалите ќе работат до 22 часот

ЗЛАТНИОТ НАКИТ НАЈБАРАН: Во време на пандемијата цената расте

ЗЛАТНИОТ НАКИТ НАЈБАРАН: Во време на пандемијата цената расте

Генералниот владин секретар денеска на состанок со странските инвеститори

Генералниот владин секретар денеска на состанок со странските инвеститори