НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Во автобус избодени 14 луѓе
Објавено во: Свет 20 Јули, 2018
Четиринаесет лица се повредени, oд кои некои сериозно, при напад со нож во автобус во германскиот град Лубек, објавија локалните медиуми.
Полицијата во градот, во северната држава Шлезвиг-Холштајн, изјави дека во тек е голема полициска операција.
„Во моментов во Лубек постои голема полициска акција. Ние работиме на истрагата и повеќе информации ќе има подоцна“- велат од полицијата.
Според непотврдени извештаи од локалните медиуми, напаѓачот е уапсен од полицијата.