17 Мај, 2024
0.0291

Нападите го засилуваат заштитниот рефлекс во ЕУ

Објавено во: Свет 24 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Минатиот петок германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека договорот меѓу ЕУ и Турција ќе и овозможи на Европа да „се соочи со тешкиот тест“ со кој се соочува поради бегалската криза.

Четири дена подоцна „Исламска држава“ удри во срцето на ЕУ, ги искажа овие зборови и го зголеми влогот за следната емотивна расправа на тема „Европа како тврдина“. Пред сето ова се засили притисокот врз жената во срцето на дебатата - Меркел, неколку дена откако таа договори договор, кој се надеваше да биде решение на бегалската криза со историски димензии. Вчера попладне со помрачено лице пред камерите во Берлин Меркел ги осуди атентаторите како „непријатели на сите вредности кои Европа ги брани“.

„Овие вредности ги уважуваме особено во денови како овој - вредностите на слобода, демократија, мирен соживот на сите наши спокојни граѓани“, рече таа. „Нашата сила се базира на нашето единство и така слободното општество ќе се покаже посилно од тероризмот“.

Неоспорна закана Умерената изјава на Меркел беше направено зад мрачна признание. Престолнината на ЕУ е напаѓана и заканата за безбедноста на Европа не може да биде откажана. Најсилниот европски политичар му рече на својот народ дека во следното поглавје од историјата на ЕУ ништо не е сигурно. Европските набљудувачи коментираат дека нападите во Брисел ќе го зајакнат заштитниот рефлекс на европските граѓани. По убиствата во редакцијата на „Шарл ебдо“ во јануари 2015 година голем број на популистичките партии го заострија овој рефлекс, целта им беше да се добијат политички поени. Вчерашните напади и нивната временска блискост со постигнатиот минатата недела кревок договор за миграцијата со Турција дури ги олеснија овие противници на миграцијата во критиките кон политичката елита, дека се отворил континентот за терористичките напади.

Во дебатата дали Европа треба да се претвори во тврдина традиционалните партии веќе се во губитничка позиција, но се борат да разјаснат дека напаѓачите од „Исламска држава“ не се сириски бегалци, а оние од кои Сиријците бегаат. „За жал, мислам дека настаните најверојатно ќе ја зајакнат позицијата на оние кои повикуваат за издигнување на ѕидови против негативните последици од бегалската криза и на штета на вистинските и похумани политички избори на Меркел“, вели Улрике Герот од Европската лабораторија за демократија.

Во текот на седум месеци Меркел ширеше политика на отворени врати и беше конзистентна во својот став дека Европа не може да се затвори пред оние кои бегаат од војната. Во последните неколку месеци, сепак тешко вдишување на „реална политика“ се гледа во позицијата на германскиот лидер, главно поради внатрешниот притисок да ја намали миграцијата.

Апели за смиреност Со години германските политичари и безбедносните сили очекуваат со ужас напади како оние во Брисел. Оваа разделена карпа беше уништена по новогодишните напади во Келн, кога мигранти нападнаа Германки. Сега Брисел е уште една пукнатина. Германскиот лидер нема да се откаже побрзо од аргументите дека Европа не може да се затвори за останатиот свет.

„Таа сепак ќе се увери дека Германија испраќа силни сигнали за тоа што е сериозно обврзана со безбедноста на Европа, и тоа со сите средства - вклучувајќи ја и одбранбената политика“, вели Алмунија Молер од Европскиот совет за меѓународни односи во Берлин.

Додека Германија и останатите европски земји размислуваат оза дговорот на невидените кои доаѓаат однадвор терористички напади, тие се соочуваат со невиден политички предизвик да најдат ефикасна стратегија во своите длабочини.

Можеби ќе ве интересира

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји