НАПНАТО НА ГРАНИЦАTA: Турските сили пукале кон грчко воено возило
Објавено во: Балкан 11 Март, 2020
Напнато е на турско - грчката граница.
Турските безбедносни сили пукале врз грчко воено возило лоцирано на грчката страна на границата, објави грчкиот весник „Катимерини“.
Мигрантите се на границата меѓу Турција и Грција, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги отвори границите на земјата.
Се водат преговори со Европската унија за мигрантската криза, а турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави во вторникот дека ЕУ треба да стави крај на исплаќањето помош.
Ердоган денеска oбвини дека грчките безбедносни служби се однесуваат како нацисти, бидејќи употребуваат сила врз мигрантите кои се обидуваат да ја преминат границата од Турција во ЕУ.
Турскиот претседател смета дека Турција не добила помош, ни поддршка која ја очекувала од меѓународната заедница за бегалците.