Направија повеќе од 100 милиони евра! Кои се компании со најголеми приходи?
Објавено во: Економија 22 Јуни, 2021
Шеснаесет компании лани беа најголемите економски субјекти меѓу мноштвото фирми кои застанаа на браникот против корона кризата. Овие друштва се најголемите генератори на приходи, а богами и на девизи, а направија приходи кои биле повисоки од 100 милиони евра. Меѓу нив седум друштва се профилирани како големи извозници, пет се енергетски компании (производители, снабдувачи и трговци), две телекомуникациски компании, македонскиот фармацевтски гигант, најголемиот ланец на супермаркети и државната фирма која ги собира патарините и стопанисува со автопатите.
Во нашата национална економија лани 16 компании направиле приходи повисоки од 100 милиони евра. Меѓу нив седум друштва се изразити извозници, а другите се генерално или целосно ориентирани на домашниот пазар. На листата на најголемите 16 има три од бројните странски гринфилд инвестиции. Кај сите три е евидентно намалување на приходите што е резултат на намалените нарачки предизвикани од корона кризата. На листата има две државни фирми и четири кои се мнозински поседувани од домашни акционери. Убедливо најголема компанија која е стационирана во земјава, а работи за извоз е производителот на автомобилски катализатори (меѓу другото) „Џонсон Мети“ која лани имала приход од 1,75 милијарди евра. Најмалиот на листата на најголемите е кавадаречкиот металски гигант ИГМ-Трејд кој лани имал приход од 108,7 милиони евра.
Интересно е тоа што најпрофитабилна меѓу овие компании не е „Џонсон Мети“ туку државната компанија која ги собира патарините Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) кое верувале или не лани има профит од 74,7 милиони евра.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.