05 Мај, 2024
0.0236

Народна банка контра ММФ и Светска банка

Објавено во: Економија 03 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Советот на Народната банка на Република Македонија денес на разгледување најновиот Квартален извештај и ревизијата на  макроекономските проекции до крајот на 2019 ги задржа оценките за растот на бруто домашниот производ (БДП) во 2018 и 2019 година до 3,2% и 3,5%, соодветно, а забележана е одредена промена во структурата на придонесите во растот. Анализата на НБ не соодветствува со проекциите на ММФ и Светска банка дека Македонија во 2018 нема да го оствари планираниот економски раст од 3,2%.

„Оваа констатација се надоврзува на задржаните здрави економски основи, отсуството на нерамнотежи и релативно поволната надворешна позиција, при забавен годишен раст на домашните цени од 1,5% во првиот квартал на 2018 година, поради што Народната банка ја олабави основната каматна стапка намалувајќи ја од 3,25% на 3,00%. Воедно, на денешната седница на Советот беше утврдено и понатамошно стабилизирање на очекувањата на економските субјекти, што е видливо преку поволните движења на девизниот пазар, забрзаниот депозитен раст и растот на кредитната активност. Во првото тримесечје на 2018 година, Народната банка интервенира на девизниот пазар со откуп на девизи, девизната позиција на банките се одржуваше на солидно ниво, а девизните резерви остварија раст и се задржаа во сигурната зона. И во текот на целиот период на проекциите, 2018 и 2019 година, показателите за адекватноста на девизните резерви се одржуваат во сигурната зона“, гласи во соопштението на централната банка.

Најголема промена во споредба со октомврискиот циклус е зголемениот позитивен придонес на домашната побарувачка. При силен раст на платите, зголемување на вработеноста, како и стабилните очекувања, се очекува дека личната потрошувачка ќе има зголемено влијание врз растот. Извозот и натаму ќе биде главен фактор со најголем позитивен придонес кон растот. Се очекува умерен дефицит на тековната сметка од 1,5% од БДП во 2018 и 2019 година, што е малку пониско ниво во однос на октомвриската проекција, при тренд на стеснување на салдото на стоки и услуги. Малку повисоки од октомвриските се и очекувањата за приливите во финансиската сметка во текот на 2018 и 2019 година, коишто изнесуваат 5% од БДП, во просек.

Општо земено, проекциите упатуваат на потенцијал за солиден раст на домашната економија, поддржан и од кредитната активност на банките, отсуство на инфлациски притисоци, како и задржување на поволната надворешна позиција. 

Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи движењата, заради навремено и соодветно приспособување на монетарната политика кон промените во домашниот и надворешниот амбиент.

 Советот разгледа и други прашања од својата надлежност.


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?