26 Април, 2024
0.0332

НАРОДНА БАНКА: Раст на депозитите и на кредитната поддршка и во текот на август

Објавено во: Економија 21 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Вкупните депозити бележат годишен раст од 5,2%, при раст на депозитите и на домаќинствата и на компаниите, поизразен кај секторот „домаќинства“. Со изземање на податоците за „Еуростандард банка“ АД Скопје – во стечај, вкупните депозити бележат месечен и годишен раст од 0,5% и 6,9%, соодветно, информираат од Народната банка. 

Вкупните кредити бележат годишен раст од 6,9%, како резултат на кредитирањето кај двата сектора. Со изземање на податоците за „Еуростандард банка“ АД Скопје – во стечај, вкупните кредити бележат месечен и годишен раст од 0,3% и 8,8%, соодветно.

Паричната маса (монетарниот агрегат М3 2,3 ), во август 2020 година, се намали за 1,0% на месечно ниво, во најголем дел како резултат на падот на долгорочните депозити до две години, како и помал пад на краткорочните депозити и готовите пари во оптек, при раст кај депозитните пари. Споредено на годишна основа, паричната маса бележи раст од 7,0%, којшто се должи на повисоките депозитни пари, готови пари во оптек и краткорочни депозити, при остварен пад кај долгорочните депозити до две години. 

Во август, вкупните депозити5 бележат месечен пад од 1,1%, којшто се должи на намалувањето на депозитите на секторот „домаќинства“, во услови на раст на депозитите на корпоративниот сектор. Вкупните депозити се зголемени за 5,2% на годишна основа, при раст на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“. Доколку се исклучат податоците за депозитите на банката во стечај вкупните депозити во август бележат месечен и годишен раст од 0,5% и 6,9% соодветно. 

‒ Вкупните кредити, , во август, се пониски за 1,4% на месечна основа, што во услови на раст на кредитите на домаќинствата, во целост го одразува намаленото кредитирање на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст за 6,9%, како резултат на повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај секторот „домаќинства“. Доколку се исклучат податоците за кредитите на банката во стечај, вкупните кредити бележат месечен и годишен раст од 0,3% и 8,8% соодветно.

Во август, вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголемени за 1,3% на месечна основа. Нагорната промена во најголем дел се должи на зголемувањето на депозитните пари, при остварен помал раст и кај депозитите во странска валута (краткорочни и долгорочни), а во услови на пад кај депозитите во денари (краткорочни и долгорочни). Годишниот раст изнесува 5,8% и главно се должи на растот на депозитните пари, како и краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, при пад кај краткорочните и долгорочните депозити во денари. 

Со исклучување на податоците за депозитите на корпоративниот сектор на банката во стечај, месечниот и годишен раст во август изнесува 2,0% и 6,5%, соодветно. ‒ Кредитите на корпоративниот сектор8 , овој месец, се пониски за 3,1% во споредба со претходниот, како резултат на намаленото кредитирање во денари. На годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 4,8%, под влијание на растот на кредитите во денари и странска валута, којшто е поизразен кај кредитите во странска валута. Доколку се исклучат податоците за кредитите на банката во стечај, кредитите на корпоративниот сектор, во август, бележат месечен пад од 0,6%, при годишен раст од 7,6%. 

Во август, кај вкупните депозити на домаќинствата е забележан месечен пад од 2,1%. Надолната промена во најголем дел се должи на намалените долгорочни депозити во денари (учество во промената од 68,2%), при забележан пад и кај останатите компоненти, освен краткорочните депозити во странска валута коишто бележат раст. Анализирано на годишно ниво, депозитите на домаќинствата се зголемени за 5,7%, како резултат на растот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, додека останатите компоненти бележат пад. Ако се исклучат податоците за депозитите на банката во стечај, остварен е минимален месечен раст од 0,1% и годишен раст од 8,0%. ‒ Кредитите на домаќинствата, овој месец, бележат месечен раст од 0,3%, којшто е резултат на повисоките кредити одобрени во денари, додека кредитите во странска валута бележат пад. На годишна основа, растот изнесува 9,0% и е поизразен кај кредитите одобрени во денари. Со исклучување на податоците за кредитите на домаќинствата на банката во стечај, растот на месечно и годишно ниво изнесува 1,2% и 10,0%, соодветно.

Во август, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити, како најзастапена категорија, бележат месечен и годишен раст од 0,4% и 9,6%, соодветно. Станбените кредити се намалени за 0,3% на месечно ниво, при остварен годишен раст од 13,0%. Кај автомобилските кредити падот на месечна и годишна основа изнесува од 0,9% и 10,7%, соодветно. Кредитите одобрени на кредитни картички бележат минимален месечен раст од 0,1%, при годишен пад од 3,7%, додека негативните салда на тековните сметки остварија месечен раст од 2,1%, при годишен пад од 10,9%. Кредитите одобрени врз други основи, во август, се непроменети на месечна основа, додека на годишна основа се намалени за 5,4%.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката