30 Април, 2024
0.0265

Народни лекови при неплодност

Објавено во: Стил 14 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Неплодноста е многу вознемирувачко и чувствително прашање, особено за жените.

Со векови народната медицина го докажува своето благотворно дејство врз овој проблем. Ако неплодноста на жената не е предизвикана од сериозна болест, можете сами да си подготвите напивка од следниве билки за кои се смета дека се особено корисни при женска неплодност:

1. Тегавец - претставува повеќегодишно тревно растение, кое што се среќава најчесто по сувите тревни региони и пасишта. Од него се користат како лисјата, така и семето. Во случај на неплодност се прави запарка од семето, која е погодна како за жени, така и за лекување на неплодноста кај мажите. Оваа билка е ценета дури и во азиската народна медицина.

2. Градинарски чај - Оваа билка е позната и како салвија. Пред да расцвета и се собираат листовите и врвовите кои се сушат. Од нив се прави запарка која делува добро кај неплодноста на жените. Во древниот Египет по водењето на исцрпувачки војни, кои зеле мнзогу жртви, жените имале обврска да пијат напивка од жалфија. Може да биде најдена во дивината или да си ја купите од аптека.

3. Ортилија - Од оваа билка исто така се прави запарка што треба да се пие 3 месеци. Прифаќањето се прекинува за време на менструацијата.

4. Женска билка - Претставува повеќегодишно тревно растение, распространето најмногу во Северна Бугарија. Од него во народната медицина се користат корените и подземните разгранувања. Тие се вадат во пролет или есен и по миењето се лупат и се сушат на сенка. Од овој зачин се става 1 лажичка во 500 мл вода, која се става да се вари околу 10 минути и се оие половина час пред оброк 4 пати на ден.

5. Цветови од роза - Не е важно каква боја има розата, најважно е дека таа е многу богат извор на витамин Е, за кој се знае дека е потребен при лекување на неплодност. Цветовите се собираат, се сушат и од нив се прави запарка, така што на 10-тина цветни ливчиња се ставаат околу 200 мл вода. Овој начин на лекување на неплодност како кај жените така и кај мажите, е распространет во народната медицина на повеќето земји во светот